Утрински Весник
Спорт

Ози опен „под клуч“ во наредните пет дена

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Организаторите на Австралија опен, популарно наречен Ози опен, соопштија дека од од сабота до четврток, турнирот ќе биде стаен „под клуч“, односно нема да има гледачи на трибините.

Владата на сојузната држава Викторија, ги подигна здравствените мерки на целата територија, откако во хотелот „Холидеј Ин“, во Мелбурн, биле регистрирани нов 13 заразени со вирусот Ковид-19.

Премиерот Даниел Ендрјуз, соопштил дека и на отворено и во затворено маските се задолжителни. Владата ги забрани сите јавни собири во наредните пет дена.

Организаторот на Австралија опен, објави дека ќе им бидат вратени парите на луѓето кои имале билети за мечевите кои ќе се играат во наредните пет дена.

> Ози опен „под клуч“ во наредните пет дена <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1