Утрински Весник
Свет

Мелбурн повторно воведува кaрантин

Мелбурн воведе карантин кој ќе трае шест недели

Вториот најнаселен град во Австралија воведе петдневен карантин, соопштија денеска властите, забранувајќи им на гледачите да присуствуваат на тенискиот турнир Австралија опен.

Во новото жариште поврзано со хотел за карантин во Мелбурн, главниот град на државата Викторија, вчера се откриeни 13 случаи.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрус, објави затворање на сојузната држава, нарекувајќи го процесот „кратко, остро сузбивање на ширењето на вирусот“, забранувајќи јавни собири, свадби и верски собири.

„Нема да има публика на спортски настани во земјата“, рече Ендрус.

Австралија опен трае до 21 февруари. Публиката веќе беше ограничена на 50 проценти од вообичаениот капацитет.

Минатата година Викторија имаше еден од најдолгите и најстрогите карантини во светот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Убиена е трудница со потекло од Балканот, партнерот е обезглавен и главата му е набиена на колец

Израел тврди дека нема масовна глад во Газа

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина