Утрински Весник
Свет

Германија ги затвора границите кон Австрија и Чешка поради мутирани видови на вирусот

Германија ги затвора границите кон Австрија и Чешка поради мутирани видови на вирусот

Германија ги затвора своите граници со Австрија и Чешка во недела поради опасност од ширење на мутирани видови на коронавирус, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

„ Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер одлучи да воведе привремени контроли на граничните премини кон Австрија, кои постојат од бегалската криза, и да воведе привремени контроли на граничните премини кон Чешката Република“, соопшти Министерството.

Целта на овие мерки е да се спречи воведувањето на мутирани видови на вирусот во Германија, се вели во соопштението.

Од овие области, забранет е влез во Германија, со исклучок на германски државјани и странци со постојан престој во Германија.

Зехофер претходно побара од федералната влада да ги прогласи пограничните области во Чешка и областите Тирол во австриската провинција со мутирани вируси за да може да се воведе забрана за влез во Германија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции

Еквадор испраќа 10.000 војници против банди за трговија со дрога

Поднесен предлог до Парламентот за повлекување на Франција од НАТО