Утрински Весник
Свет

Уапсени Сиријци, планирале напади во Германија и Данска

Уапсени Сиријци, планирале напади во Германија и Данска

Германските и данските власти уапсија тројца Сиријци под обвинение дека планирале напади, соопштија обвинителите.

Клаус Тевас, портпаролот на федералното обвинителство во градот Наумбург, изјавил дека е издаден налог за апсење на три лица на возраст од 33, 36 и 40 години, минатата недела под сомнение дека подготвуваат сериозен чин на нсилство.

Како што се наведува, тие купиле седум килограми хемикалија во јануари, од која може да се направи експлозивна направа.

За време на претресот на становите на осомничените во градот Десау-Рослау, помеѓу Наумбург и Берлин, биле пронајдени 10 килограми барут и фитил.

Двајца се уапсени во Данска, каде се пронајдени повеќе хемикалии, а третиот е уапсен во околината на Франкфурт.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Багај ги спореди односите меѓу Иран и САД со конфликтите меѓу Рим и Персија

Најмалку 11 лица загинаа во израелски напад врз Либан

Украина бара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради руските напади