Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Џеј Зи, Фу фајтерс меѓу номинираните за Холот на славните рокери

Џеј Зи, Фу фајтерс меѓу номинираните за Холот на славните рокери
300x250 opst2

Раперот Џеј Зи, поп-групата од 1980-тите „Го-Гос“ и рок-бендот „Фу фајтерс“ беа меѓу првите номинирани за можен влез во Холот на славните на рокенролот.

Конечниот список на музичари кои биле во изборот беше официјално соопштен во средата, 10 фебруари.

Други за првпат на гласачкото ливче се пејачката-текстописец Керол Кинг и пејачката-актерка Дајен Ворвик, хевиметал бендот „Ајрон мејден“ и покојната нигериска пејачка Фела Кути.

Меѓу 16-те кандидати се и претходно номинираните Тина Тарнер, Мери џеј Блиџ, Дево, ЛЛ Кул и Тод Рандгрен. Изведувачите стануваат подобни за влез во Холот на славните 25 години по првото комерцијално снимање.

Над 1.000 професионалци во музичката индустрија ќе гласаат за тоа кој ќе ја добие честа. Фановите исто така можат да го кажат своето мислење на посебен линк или со посета на познатиот Rock & Roll Hall of Fame во Кливленд.

Церемонијата на доделување на најважно рок признание во светот ќе се одржи наесен.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?