Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

СЗО: Вакцината на „Астра зенека“ е добра и за лица над 65 години

СЗО: Загрижува ситуацијата со коронавирусот на Балканот
300x250 opst2

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека вакцината на „Астра зенека“ може да се дава и на лица постари од 65 години, пренесува Би-би-си.

Експертите на СЗО велат дека вакцината на „Астра зенека“ треба да се користи и во земјите каде циркулираат варијанти на коронавирус што ги прават вакцините помалку ефикасни.

Поголемиот интервал помеѓу две дози од вакцината на „Астра зенека“ ја прави истата поефикасна, сметаат експертите на СЗО.

Стратешката група на специјалисти за имунизација на СЗО, попозната како SAGE, ги разгледувала податоците собрани од клиничките испитувања на вакцината.

Нивните привремени препораки велат дека таа има ефикасност од 63%.

Но, податоците од клиничките испитувања во Јужна Африка велат дека вакцината нуди минимална заштита од благи и умерени форми на Ковид-19. Имено, варијантата на вирусот која циркулира во таа земја мутирала на начин што му помага на вирусот да избегне создавање имунитет преку вакцини или претходна инфекција.

Научниците од Оксфорд, кои беа вклучени во развојот на вакцината на „Астра зенека“ очекуваат дека истата треба да спречи вакцинирани лица да добијат потешки симптоми на Ковид-19 или да завршат во болница.

„Нема причина поради која употребата на вакцината на ‘Астра зенека’ не треба да се препорачува во земји каде кружат нови варијанти на коронавирус“, рече доктор Алехандро Кравијото, директор на експертската група на СЗО.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Ројтерс“: Нетанјаху му се извинил на Катар за нападот врз Доха

Путин потпиша указ за нова регрутација: 135.000 лица на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани за воена служба

Нетанјаху и Трамп ги почнаа разговарите за прекинот на огнот во Газа