Утрински Весник
Спорт

Кутињо, од финансиски причини, повеќе нема да игра оваа сеозна

Кутињо, од финансиски причини, повеќе нема да игра оваа сеозна

Филипе Кутињо, поради повреда, ќе биде отсутен од фудбалските терени уште 40 дена, но и кога целосно ќе се рехабилитира нема да конкурира за место во тимот на Барселона.

Кутињо, од почетокот на сезоната, настапи на 12 натпревари, се повреди кон крајот на минатата година, на натпреварот против Еибар (1:1).

Бразилецот, на натпреварите на кои играше, навести дека може да ја врати препознатливата форма, меѓутоа повредата ги смени работите.

Тренерот Куман, добил порака од челниците да не го става Кутињо повеќе во тимот. Ваквата одлука била донесена од финансиски причини.

Доколку Кутињо одигра уште седум натпревари, Барселона на Ливерпул, ќе треба да му испалти дополнителни 5.000.000 евра. Во ситуација кога клубот има долгови од 1,2 милијарди евра, ова ќе претставува само дополнителен трошок.

Кутињо, од јануари 2018 година, за Барселона одигра 90 натпревари, постигна 24 гола. Една сезона играше како позајмен во Баерн Минхен.

> Кутињо, од финансиски причини, повеќе нема да игра оваа сеозна <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига