Утрински Весник
Македонија

Во Арачиново пронајдени 1,5 килограми хероин

Во Арачиново пронајдени 1,5 килограми хероин

Полицијата пронајде 1,5 килограми хероин во Арачиново и приведе едно лице.

Според информациите на МВР, вчера полициски службеници го привеле Љ.А.(31) од Арачиново, скопско, за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„По претходно добиени оперативни сознанија, во текот на вчерашниот ден бил извршен претрес на две локации во село Арачиново, при што од Љ.А. се пронајдени и одземени две полиетиленски ќеси со околу 1,5 килограми хероин, една полиетиленска ќеса хашиш, четири полиетиленски пакувања марихуана, осум куршуми, една рачна преса за пресување на опојна дрога, една хидраулична дигалка“, соопшти МВР.

Љ.А. e приведен во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вечерва во 02.32, минута молк пред „Пулс“

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Захариев: Штипската болница во првите шест часа прими околу 120 до 130 повредени од пожарот во Кочани