Утрински Весник
Свет

Фон дер Лаен: Земјите од Западен Балкан се изземени од ограничувањата за извоз на вакцини

Фон дер Лаен: Земјите од Западен Балкан се изземени од ограничувањата за извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, вели дека вакцинирањето во ЕУ се забрзува и дека останува целта да се имунизираат најмалку 70 проценти од населението до крајот на летото.

Во својот говор пред Европскиот парламент, Фон дер Лаен предупреди на претстојната борба против новите видови на Ковид-19 и истакна дека Западен Балкан е изземен од механизмот на ЕУ за транспарентност и одобрување на извозот на вакцини.

„На сите ни треба предвидливост кога станува збор за испорака на вакцини. Затоа е воведен механизам за транспарентност и овластување на извозот. Немаме намера да ги ограничуваме компаниите што ги почитуваат своите договори со ЕУ, а автоматски се изземени ограничувањата на извозот во земјите од Западен Балкан, во нашето соседство, за хуманитарни потреби и во 92 земји со мал и среден приход од инструментот Ковакс“, рече Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК вели дека досега се испорачани 26 милиони вакцини во ЕУ и дека се вакцинирани околу 70 милиони луѓе.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп