Утрински Весник
Свет

Истражување: Согорувањето на фосилни горива предизвика 8,7 милиони смртни случаи во 2018 година

Истражување: Согорувањето на фосилни горива предизвика 8,7 милиони смртни случаи во 2018 година

Загадувањето на воздухот предизвикано од согорување на фосилни горива е одговорно за 8,7 милиони смртни случаи во 2018 година, што претставува дека секој петти бил смртен случај, според новата студија во соработка со Харвард и универзитетите во Бирмингем, Лестер и Лондон. Бројките се дури толку високи што го надминуваат вкупниот број на смртни случаи поради пушење цигари и маларијата, пишува „Гардијан“.

Земјите со најголема потрошувачка на фосилни горива се најлошо погодени од оваа чума. Така, тоа е причина за секоја трета смрт во Источна Азија, и на секоја десетта во САД и Европа. Стапките во Јужна Америка и Африка се значително пониски.

„ На почетокот, дури и се двоумевме да ги објавиме резултатите, бидејќи бројките беа неверојатни. Тоа е како лавина. Колку повеќе копаме, толку повеќе откриваме“, вели Елоиз Мареј, географ од Универзитетскиот колеџ во Лондон и коавтор на студијата.

Научниците открија врската помеѓу загадувањето на воздухот и причините за срцеви заболувања, респираторни проблеми, па дури и губење на видот. Без емисии на согорување на јаглеводороди, просечниот животен век на светската популација би се зголемил за повеќе од една година, додека економските и здравствените трошоци би опаднале за приближно 2,9 трилиони долари, се вели во студијата.

„ Воздухот во Кина се подобрува, но сепак е крајно неповолен. САД се подобруваат и покрај тоа што има жаришта на северо-исток. Ситуацијата во Европа зависи од област до област, а Индија дефинитивно е во голема неволја”, велат експертите за загадување.

Според нив, стапката на смртност што произлегува од истражувањето е можеби пониска од реалната состојба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најнов биланс: 94 мртви во пожарот во Хонг Конг

Бројката на загинати во пожарот во комплексот во Хонг Конг се зголеми на 75, ќе расте уште

Северна Кореја го воведе рускиот јазик како задолжителен предмет во училиштата