Утрински Весник
Спорт

Новак во четири сета до третата рунда

Новак во четири сета до третата рунда

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во третото коло на Австралија опен. Првиот носител, мина три часа и 34 минути на теренот и во четири сета го победи Френсис Тијафо од САД.

Ѓоковиќ, победи со 6/3, 6/7, 7/6, 6/3, во меч во кој постави рекорд на кариерата со 26 ас сервиси.

Мечот беше тежок за двајцата тенисери, се играше во дневниот термин во Мелбурн, по екстремно топло време. Тијафо, свесен дека нема што да изгуби, одигра еден од своите најдобри мечеви во кариерата. На крајот за таквата храбра игра Американецот беше „награден“ со освојување на вториот сет.

Третиот сет, го одреди победникот, бидејќи Ѓоковиќ имаше водство 3:0 и сервис, меѓутоа Тијафо успеа да избори нов тај-брејк, во кој првиот носител доминираше.

Ѓоковиќ прашањето околу победникот го реши во седмиот гем, од четвтиот сет, кога направи брејк, а потоа ги доби и наредните два за конечна победа.

во наредната рунда, Ѓоковиќ повторно ќе игра против Американец, Рејли Опелка или Тејлор Фриц.

> Новак во четири сета до третата рунда <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина