Утрински Весник
Свет

Кубанската вакцина против Ковид-19 влезе во третата фаза од испитувањата

Кубанската вакцина против Ковид-19 влезе во третата фаза од испитувањата

Исцрпувачките санкции и лошата економска состојба не ја спречија Куба да стане можен кандидат во трката за вакцина против Ковид-19, која во моментов влегува во третата фаза на тестирање.

Јосвани Кастеланос Сантос, вонреден професор во државниот здравствен институт е оптимист во врска со чекорите што ги презеде неговата земја во испитувањата на вакцината, пренесува порталот „ТРТ Ворлд“.

Додека латиноамериканските земји Бразил и Мексико се натпреваруваат за понуди од западни, кинески и руски фармацевтски компании, Куба планира четири потенцијални вакцини, се наведува во текстот.

Институтот за вакцини „Финли“ (IFV), спонзориран од државата, произведе вакцина која моментално влегува во фаза 3 на тестирање.

„Суверен 02“, како што се нарекува една од вакцините, алудира на тоа што значи оваа мала островска држава да постигне значителна вакцина со оглед на обидот на соседната суперсила, САД, економски да ја уништи земјата во текот на последните шест децении, се додава во текстот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Девет лица го загубија животот, а 26 се повредени во експлозија во фабрика за пиротехника во Кина

Зеленски: Нападот врз Киев е најтежок од почетокот на војната, Русија употреби повеќе од 440 дронови

Двегодишно дете од Бразил со пиштол ја застрелало својата мајка