Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Мектоминеј доминира на „Олд Трафорд“ – Манчестер јунајтед едвај против Вест хем

Мектоминеј доминира на „Олд Трафорд“ – Манчестер јунајтед едвај против Вест хем
Img 7972

Манчестер јунајтед, покрај Бурнемаут, се вториот четврт-финалист на ФА купот, откако на „Олд Трафорд“, Скот Мектоминеј го постигна својот трет гол во исто толку меча за по првите 90 минути без голови, во продолженијата да ги предводи „ѓаволите“ до 1:0 победа над Вест хем.

Мектоминеј оваа година има постигнато седум гола, со што е трет стрелец во клубот, а од тие седум гола, шест ги „заби“ на „Олд Трафорд“, каде што тимот не може да се пофали со најдобри резултати оваа сезона.

Јунајтед имаа повеќе од играта, посебно во првото полувреме, но не успеаја да ја пробијат силната одбрана на „чеканите“, предводени од нивниот поранешен менаџер, Дејвид Мојс, а во второто полувреме, и Вест хем се закани неколку пати.

> Мектоминеј доминира на „Олд Трафорд“ – Манчестер јунајтед едвај против Вест хем <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај