Утрински Весник
Свет

Вонредна состојба во Нирнберг по прекинот во греењето поради пожар во електрана

Вонредна состојба во Нирнберг по прекинот во греењето поради пожар во електрана

Голем пожар во електрана во германскиот регион Франконија го принуди градот Нирнберг денеска да прогласи вонредна состојба затоа што греењето и снабдувањето со топла вода во Геберсдорф и Ротенбах ќе бидат засегнати, пренесува „Спутник“.

Градот и компанијата за снабдување со електрична енергија „Н-Ерги“ формираа штабови за управување со кризи. Покрај домаќинствата, со електраната се поврзани една клиника, два пензионерски дома, трговски центар, повеќе училишта како и неколку големи компании.

Пожарот избувна и брзо беше изгаснат од противпожарните екипи во понеделникот попладне, но, централата привремено е исклучуена. Нема пријавени повредени како резултат на пожарот.

Причината за пожарот во централата сè уште не е позната. Пожарот избувнал на приземјето и се проширил на висина од најмалку 80 метри, соопшти противпожарната единица. За гаснење на пожарот биле потребни околу два часа.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Белгија: Неколку лица загинаа во судир меѓу училиштен автобус и воз

Иран ги предупреди САД за кршење на прекинот на огнот

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран