Утрински Весник
Свет

Поднесено барање за регистрација на вакцината „Спутник В“ во ЕУ

Поднесено барање за регистрација на вакцината „Спутник В“ во ЕУ

Рускиот фонд за директни инвестиции објави дека на 29 јануари било поднесено барање за регистрација на вакцината „Спутник В“ во Европската унија.

Тимови од рускиoт производител на вакцини и Европската агенција за лекови (ЕМА), веќе одржале научна експертиза на вакцината.

ЕМА треба да донесе одлука за регистрација на вакцината по серија стручни проверки.

Вакцината досега е регистрирана во Русија, Белорусија, Србија, Аргентина, Боливија, Алжир, Палестина, Венецуела, Парагвај и Туркменистан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море

Руските сили напредуваат во нов украински регион

Велика Британија прима студенти од Појасот Газа за да го завршат своето образование