Утрински Весник
Спорт

Почина Тони Колинс, првиот црн менаџер во англискиот фудбал

Почина Тони Колинс, првиот црн менаџер во англискиот фудбал

Тони Колинс, првиот црн менаџер во Англиската фудбалска лига (ЕФЛ), почина на 94 години, потврди Асоцијацијата на фудбалски менаџери, добивајќи голем број на пораки за сочувство, вклучувајќи ја таа од Сер Алекс Фергусон, кој го нарече „пионер на англискиот фудбал“.

Откако беше фудбалер на Шефилд венсдеј, Јорк сити, Вотфорд, Норич, Торки, Кристал палас и Рочдејл, Колинс стана менаџер на Рочдејл во 1960 година. Во седум години во клубот, тој ги однесе до историско финале на Лига купот во 1962 година, каде што во два меча загубија од Норич. Ова останува единствено големо финале во историјата на клубот.

Ссер Алекс Фергусон работеше со Колинс, кога тој беше скаут во Манчестер јунајтед на крајот на својата кариера.

> Почина Тони Колинс, првиот црн менаџер во англискиот фудбал <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига