Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Земјава ќе го ревидира договорот за слободна трговија со Турција, стар 20 години

Земјава ќе го ревидира договорот за слободна трговија со Турција, стар 20 години
Img 7972

Билатералниот Договор за слободна трговија меѓу Северна Македонија и Турција, склучен пред 20 години, ќе се модернизира и надградува. Тоа е договорено во Анкара на денешната средба меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и Рухсар Пекчан, министерката за трговија на Република Турција, на кој ревидирањето на Договорот за слободна трговија било главна тема, соопшти Министерството за економија.

Бектеши изјавил дека експерти веќе работат околу либерализација на земјоделско-прехранбениот сектор, усогласување на тарифните производи според најновиот хармонизиран систем за примена, реципрочна либерализација на трговијата со услуги и регулирање на новите правилата за потекло.

„Резултатите од работата на експертите, ние, двајцата министри ќе ги верификуваме во рамки на Мешовитиот Комитет, задолжен да се грижи за имплементација на Договорот за слободна трговија“, кажа Бектеши.

Според него, Турција во разни сектори е наш стратешки инвестициски партнер, а можат да се очекуваат инвестиции во производството на автомобилски компоненти, информатичко-комуникациската технологија, земјоделството и преработка на храна, фармацевтската индустрија, енергетиката и ОИЕ и друго.

Статистичките податоци покажуваа дека Турција во последните три години е на 8. место на листата на земји со кои РСМ остварува трговска размена. Во 11-те месеци во 2020 година, вкупната трговска размена е 477,3 милиони долари, од кои извозот од РСМ 85 милиони долари, а увозот од Турција изнесува 392,3 милиони долари.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Филипче: Ова не е горда Македонија, луѓето едвај врзуваат крај со крај

Андријана Ташкова-Ѓоргиева згрижува три деца покрај своите три и ја бара довербата од битолчани за влез во Советот преку ГРИН

Апсење во Тетовско – Ова се причините