Утрински Весник
Свет

(Видео) Невообичаен метеоролошки феномен, Германците ги изненади црвен снег

(Видео) Невообичаен метеоролошки феномен, Германците ги изненади црвен снег

Метеоролозите во Германија предупредија дека е можен црвен или крвав снег за време на викендот, необичен метеоролошки феномен што го предизвикуваат екстремни временски услови.

Студениот воздух од Скандинавија се движи кон северот на Германија и ќе донесе снег и бури, а метеоролозите предвидуваат снег до 40 сантиметри, како и топол воздух од Сахара на југот на таа земја, што носи температури од 16 степени. Воздухот од Сахара носи честички од песок што ќе го обои снегот во црвена боја, пренесува СНА њуз.

Андреас Фридрих од германската метеоролошка служба објасни за германските медиуми дека појавата на црвен снег се јавува кога честичките од песок и повисоките слоеви на атмосферата се мешаат со снежните кристали што паѓаат на земјата – потоа тие заедно се таложат и така го обојуваат снегот во црвена боја.

Сепак, експертите наведуваат дека не е само песокот од Сахара виновен за тој феномен, туку и микроорганизмите, познати како снежни алги, кои можат да јапроменат бојата на снегот за време на топењето.

На веб-страницата на Германската метеоролошка служба се објаснува дека крвавиот снег најчесто е предизвикан од честички од пустински песок, кој исто така може и дождот да го обои црвен, додека алгите се почесто причина во езерцата што остануваат по топењето на снегот или дождот.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков