Утрински Весник
Свет

(Видео) Ортодоксни Евреи се судрија со израелската полиција на погребот на рабин кој починал од Ковид-19

(Видео) Ортодоксни Евреи се судрија со израелската полиција на погребот на рабин кој починал од Ковид-19

Припадниците на израелската ортодоксна еврејска заедница соборија метални бариери и се судрија со полицијата на погребот на еден рабин кој починал поради Ковид-19, пренесува РТ.

Луѓето излегле на улиците во градот Бнеи Брак, харедско предградие на Тел Авив, во неделата вечерта за да присуствуваат на погребот на рабинот Хаим Меир Воснер, во спротивност со ограничувањата поради Ковид-19.

https://www.youtube.com/watch?v=DvA9Zq3tbDQ

Полицијата поставила неколку бариери околу местото на процесијата, кои подоцна биле соборени од посетителите на погребот. Снимките од „Раптли“ покажуваат дека полицајци се обидувале да ја оттурнат толпата млади луѓе од ултраортодоксната еврејска заедница.

Воснер, деканот на јешивата „Чачмеи Лублин“, се разболел од коронавирус минатиот месец и починал во неделата. Според „Тајмс оф Израел“, полицијата се обидела да преговара со локалната верска заедница за да ги одврати од масовните собири, но разговорите биле неуспешни.

Ортодоксните Евреи и во минатото се спротивставуваа на протоколите за јавно здравје, одржувајќи масовни погребни поворки и учествувајќи во протести против мерките за заштита и карантините.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани