Утрински Весник
Свет

Две деца убиени во гранатирање во Сомалија

Две деца убиени во гранатирање во Сомалија
Dik 300x250 mk

Најмалку две деца биле убиени во Јужна Сомалија откако минофрлачка граната, наводно испукана од угандските трупи кои служат во силите на мировната мисија на Африканската Унија (АМИСОМ), ја погодила нивната куќа доцна во саботата, пренесува „Анадолија“.

Според веб-страницата за вести Garowe Online,  три лица, вклучително и една жена, биле повредени во инцидентот што се случил во селото Мушаани во близина на Џанале, поранешен бастион на Ал-Шабааб во регионот Долен Шабел.

Ишак Мохамед, официјален претставник на локалната самоуправа, ги потврди жртвите. Од АМИСОМ ниту го потврдија ниту го негираа инцидентот.

Во меѓувреме, најмалку тројца полицајци беа ранети во неделата во експлозија на бомба во околината на Арбиска, на периферијата на главниот град Могадишу. Ниту една група сè уште не ја презеде одговорноста за нападот, но Ал Шабааб, поврзан со Ал Каеда, ја презеде одговорноста за неодамнешните напади во ‘Ртот на Африка.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Саркози ќе почне да ја отслужува затворската казна

Санае Такаичи стана првата жена премиер во Јапонија

Сијарто остро кон ЕУ: После ова, никој нека не нè поучува за солидарноста на Европската унија