Утрински Весник
Свет

(Видео) Осуетен државен удар на Хаити, уапсени 23 лица

(Видео) Осуетен државен удар на Хаити, уапсени 23 лица

Полицијата на Хаити уапси 23 лица, вклучувајќи судија на Врховниот суд и висок полициски службеник по она што претседателот Јовенел Моизе го нарече обид за државен удар и атентат, пренесува Би-би-си.

„Целта на овие луѓе беше да ме убијат“, рече Моизе додавајќи дека заговорот, на кој се работело од крајот на ноември лани, бил осуетен.

Министерот за правда Рокфелер Винсент го опиша наводниот заговор како обид за државен удар. Властите на Хаити потврдија дека биле уапсени најмалку 23 лица.

Карипската држава во моментов е зафатена од превирања поради несогласувањето помеѓу Моизе и опозицијата која бара тој да се повлече. Рејно Жoрже, адвокат кој некогаш работел за претседателот, но потоа се приклучил на опозицијата, го идентификувал уапсениот судија како Ирвикел Дабресил – човек кој, исто така, има поддршка од противниците на Моизе.

Опозицијата ги осуди апсењата и повика на итно ослободување на сите приведени, повикувајќи ги Хаити да се кренат против претседателот. Тие наведуваат дека претседателскиот мандат на Моизе требало да заврши оваа недела, а Моизе тврди дека има право да остане на функцијата до февруари 2022 година.

Спорот произлезе од хаотичните претседателски избори уште во 2015 година. Во тоа време, Моизе првично беше прогласен за победник, но резултатите од гласањето потоа беа поништени по обвинувањата за измама. Сепак, Моизе беше успешно избран следната година и на крајот положи заклетва на функцијата во февруари 2017 година.

https://www.youtube.com/watch?v=fnWk3h7W5kE

Поради хаос во изборите, со нацијата една година владееше привремен претседател.

Моизе владее со декрет од јануари 2020 година кога истече последниот парламентарен мандат, но не беа одржани избори. Сега се очекува Хаити да одржи парламентарни избори во септември, неколку месеци по уставниот референдум закажан во април, на кој се очекува претседателот да добие поголема моќ.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата