Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Ја водиме државата напред, а Мицкоски постојано блокира и кочи

СДСМ: Делчев е борец за социјална правда, а Мицкоски е бранител на криминал и неправда

 

Агендата на Христијан Мицкоски е антидржавна, додека СДСМ води напред, тој постојано нешто блокира, кочи, саботира, дејствува спротивно на интересите на граѓаните и државата, се вели во соопштение од владејачката партија.

„Додека СДСМ работеше на решавање на најкрупните прашања кои со децении ја влечеа нашата држава надолу, Мицкоски работеше против успехот на сопствената татковина. Се обиде да ги закочи процесите за членство во НАТО и ЕУ, работеше против Преспанскиот договор и не аплаудираше на стратешкиот успех: членството во НАТО“, велат од СДСМ од каде додаваат и дека Мицкоски го поткопувал здравствениот систем во екот на корона-кризата.

„И покрај потврдената доверба кај граѓаните, СДСМ се менува, се демократизира и подобрува, а ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски останува целосно заглавена во режимската матрица“, стои во партиското соопштение во кое се нагласува и дека граѓаните тоа го гледаат и знаат и затоа Мицкоски губи на избори.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт