Утрински Весник
Магазин

Принцот Хари и Џејмс Корден снимаа „Карпул караоке“ во автобус

Принцот Хари и Џејмс Корден снимаа „Карпул караоке“ во автобус

Принцот Хари и комичарот Џејмс Корден одлично се забавуваа додека снимаа „Карпул караоке“, само што овој пат пеењето беше во автобус а не во автомобил.

36-годишниот војвода од Сасекс и британскиот актер Џејмс (42) неодамна беа забележани на двокатен автобус, а долгогодишните пријатели уживаа во дружбата додека автобусот се пробиваше низ Холивуд.

Анонимен извор изјави за „Пипл“: Тие пееја во даблдекер, придржувајќи се на правилата за Ковид-19.

“Тие се пријатели со години и одлично се забавуваа. Многу се шегуваа и се смееја”.

Џејмс ја искористи можноста да го запознае Хари, кој се пресели во Калифорнија минатата година, со некои од неговите омилени обележја.

Инсајдерот сподели: “Тие го обиколија Холивуд, а Џејмс му покажаа на Хари некои посебни знаменитости. Тие исто така разговараа за животот на Хари во САД и за неговиот фокус сега”.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста