Утрински Весник
Спорт

Гранеруд со десетта победа оваа сезона, на чекор до титулата од Светскиот куп

Гранеруд со десетта победа оваа сезона, на чекор до титулата од Светскиот куп

Норвешката скокачка сензација, Халвор Егнер Гранеруд стигна до својата 10-та победа од Светскиот куп оваа сезона (и вкупно десетта во кариерата), триумфирајќи на големата скокалница во германскиот Клигентал за да го зголеми водството во генерален пласман.

Гранеруд имаше скокови од 136 и 140.5 метри за да собере 288.5 поени за победа пред Словенецот Бор Павловчич со 287.7 поени по скоковите од 140 и 146 метри и главниот ривал во генерален пласман, Германецот Маркус Ајзенбихлер, кој беше лидер по првата серија и имаше скокови од 138 и 141.5 метар.

24-годишниот Гранеруд, кој минатата сезона имаше само осум освоено поени во Светскиот куп, сега има 1.406 поени во генерален пласман, дури 429 поени пред Ајзенбихлер и 561 поен пред Полјакот Камил Стох.

> Гранеруд со десетта победа оваа сезона, на чекор до титулата од Светскиот куп <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп

Уапсени 12 и приведени 16 лица пред почетокот на финалето на Евролигата во Атина