Утрински Весник
Свет

Хрватска: 276 новоинфицирани, 25 лица починале

Хрватска: 276 новоинфицирани, 25 лица починале

Во последните 24 часа, потврдени се нови 276 случаи на инфекција со коронавирус во Хрватска, а 25 лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи на инфекција денеска е 2.748. Меѓу нив, 1.142 пациенти се во болница, од кои 107 се на апарати за дишење. Во моментов има 13.535 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 1.228.609 лица, од кои 5.249 во последните 24 часа.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска, 235.402 лица биле заразени со коронавирус, од кои 5.169 починале. Вкупно се опоравиле 227.485 лица, од кои 407 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела