Тренерот на Барселона, Роналд Куман вели дека не се согласува со коментарите на Жерард Пике дека судиите во Ла лига го фаворизираат Реал Мадрид, додавајќи дека има чувство дека судиите се чесни.
Пике, како повеќе пати во кариерата, предизвика бура реакции со изјавата дека „85 отсто од судиите се од Мадрид“ и го фаворизираат кралскиот клуб, за што дури му се заканува суспензија, но Куман не го дели ова мислење и вели дека како тренер на Барса не видел преферирање на некој клуб во Ла лига.
„Тоа се зборовите на Пике. Јас можам да коментирам само за оваа сезона, не за минатото. Имаше одлуки кои не беа најсреќни за нас, но не верувам дека беа против нас. Тоа се одлуки на судијата и на ВАР. Секогаш сум сметал дека однесувањето на судиите е чесно и го даваат тоа што го гледаат и не фаворизираат никого“, вели Куман.
Пике е под истрага, се соочува со 12-месечна суспензија
> Куман контра Пике: Шпанските судии се чесни, не му помагаат на Реал <