Утрински Весник
Спорт

Рома без шанси против Јувентус

Рома без шанси против Јувентус

Јувентус лесно се справија со Рома, во дерби мечот одигран во 21.коло, во Серија А. „Страта дама“ забележа победа 2:0 и ја продолжи потерата по водечките клубови од Милано, Интер и Милан.

Јувентус, во раната фаза на натпреварот го постигна водечкиот гол. Кристијано Роналдо постигна гол во 13.минута. Португалецот, потоа имаше уште една шанса, но неговиот удар заврши во гредата.

Рома, во првиот дел имаше неколку обиди, но ниту еден не беше сака за Шчесни.

Сличен тек имаше и вториот дел, Рома нешто повеќе ја имаше топката во своите нозе, меѓутоа повторно Јувентус беше тимот кој постигна гол.

Квадрадо со длабинска топка го проигра Кулушевски, кој нафрли пред голот, а топката во голот ја смести играчот на Рома, Ибањез.

Јувентус сега има 42 бода, пет помалку и натпревар помалку од Интер. Рома со 40 бода и на четвртото место.



> Рома без шанси против Јувентус <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација

Сенегал во хаотично финале до своја втора африканска титула