Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Неуспешната интерпелација на Димитров е уште еден пораз на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Неуспешната интерпелација на Димитров е уште еден пораз на ВМРО-ДПМНЕ

 

Антидржавната и антинародната ВМРО-ДПМНЕ на својата листа порази додаде уште еден – неуспешната интерпелација за заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, велат од СДСМ преку соопштение.

„Но, со неа потона уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ за наводно создавање на ново парламентарно мнозинство. Тие едвај успеаја да соберат 53 пратеници за интерпелацијата на Димитров.

Како што им пропадна интерпелацијата за Димитров, ќе пропаднат интерпелациите за вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ.

Ни самите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не веруваат во тие интерпелации затоа што потпишани се само 14 пратеници од пратеничката група, а меѓу нив не ниту Гордана Силјановска Давкова која ги најави интерпелациите.

Наместо да биде конструктивна и да работи во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ преку неосновани интерпелации ја опструира работата на Собранието.

Граѓаните на шест последователни изборни соочувања се изјаснија дека им е доста од деструкциите и неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и затоа партијата од Белата палата, симболот на криминалот и корупцијата, уште долго ќе си остане во опозиција“, наведе СДСМ во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт