Утрински Весник
Свет

Меркел: Спремни сме за санкции кон Русија

Меркел: Лидерите на ЕУ за што е можно побрз прекин на огнот во Нагорно-Карабах

Канцеларката Ангела Меркел изјави дека Германија е подготвена да продолжи со воведување санкции кон Русија, вклучително и за поединци, но и дека дипломатска должност е да се одржуваат отворени каналите за комуникација со таа земја.

На прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон, Меркел рече дека Германија во моментов ја држи својата позиција во корист на гасоводот „Северен ток 2“, на кој се спротивставуваат САД и поголемиот дел од Европа.

„Во врска со настаните во Русија, веќе рековме дека го задржуваме правото да продолжиме со санкции, особено за поединци“, рекла германската канцеларка, пренесува „Ројтерс“.

Во меѓувреме, Русија денеска протера тројца европски дипломати од Германија, Шведска и Полска поради учество во забранетите собири за поддршка на опозицискиот активист Алексеј Навални.

„За време на состанокот добивме вест за протерувањето. Верувам дека тоа е неоправдано“, посочила Меркел.

И новиот претседател на владејачката германска христијанско-демократска унија (ЦДУ) и потенцијален иден канцелар, Армин Лашет, смета дека Германија не смее да се откаже од проектот гасовод „Северен ток 2“ поради затворањето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

„Во наредниот период, Германија излегува од снабдувањето со атомска енергија и енергија добиена од јаглен. И затоа и треба гас за преодниот период, што го немаме како ресурс“, изјавил Лашет за „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Киднапирани кучиња за откуп од Швајцарија пронајдени во Полска

Трамп повторно го повика Гренланд да стане дел од САД

Зеленски: Траен и праведен мир е можен со лидерство на САД и соработка со Европа