Утрински Весник
Спорт

Лапорта: Меси има понуди од клубови поддржани од држави и олигарси

Лапорта: Меси има понуди од клубови поддржани од држави и олигарси

Фаворитот за враќање на претседателската функција во Барселона, Жоан Лапорта како дел од својата кампања пред изборите во март зборуваше за понудите кои ги добивал Лионел Меси од клубови на кои „не им недостасуваат“ пари, но останува убеден дека ќе го убеди капитенот да го продолжи договорот.

Последните неколку месеци се бурни за каталонскиот клуб – по 8:2 понижувањето од Баерн Минхен во Лигата на шампионите минатата година, желбата на Меси да го раскине договорот предвреме, до економската криза која предизвика клубот да има над милијарда евра долг, за на крај да се открие дека Меси за четиригодишниот договор кој му истекува во текот на летото ќе добие вкупно 555 милиони евра. Лапорта вели дека клубови поддржани од држави и олигарси (секако Пари Сен-Жермен и Манчестер сити) се подготвени да дадат понуда за Аргентинецот.

„Нема да биде лесно да се изврши тоа, бидејќи тој има понуди од клубови на кои не им недостасуваат пари, бидејќи зад нив е олигарх или држава. Но, мислам дека на Меси му е добро во Барселона и од тоа што го познавам Лео, знам дека сака да остане. Тој го сака клубот и градот. Секогаш сум верувал во неговиот кредибилитет и тој стоел зад својот збор. Отпимист сум бидејќи имаме база да го заддржиме, бидејќи не се работи за парите. Нему прво му е потребен спортски проект кој ќе му го доставиме“, вели Лапорта.

> Лапорта: Меси има понуди од клубови поддржани од држави и олигарси <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност