Утрински Весник
Свет

Второ судење за Алексеј Навални и можност за нова затворска казна

Второ судење за Алексеј Навални и можност за нова затворска казна

Денеска во Русија започнува судење за клевета на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој на 2 февруари беше осуден на 32 месеци затвор за кршење на претходната условна казна.

Според судот, Навални ја прекршил таа казна додека се лекувал во Германија откако беше отруен со нервниот агенс „новичок“.

Судот денес ќе се насочи кон обвинението против Навални за ширење навредливи информации против ветеранот кој го поддржа уставниот референдум преку кој се зголемија овластувањата на претседателот Владимир Путин.

Како што претходно објавија светските агенции, Навални во овој случај се соочува со парична казна и можнсот за до пет години затвор.

Денешното судење ќе се одржи додека во Москва претстојува високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

ЕУ и голем дел од меѓународната заедница го осудија апсењето на Навални и побараа негово ослободување. Побарано е и ослободување на демонстрантите уапсени за време на протестите одржани низ Русија за поддршка на противникот на Кремљ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење