Утрински Весник
Македонија

Престрелка во Арачиново – од автомобил пукале кон луѓе кои седеле во двор, овие возвратиле

Еден починат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во попладневните часови на 4 февруари, 35-годишниот А.А. од селото Арачиново во полиција пријавил дека додека седел во неговиот двор со соселанецот Ф.А. (31), поминал автомобил „форд галакси“ во којшто биле Ш.М.(36) и Ш.М., кои пукале кон нив.

Според пријавеното, двајцата соселани кои биле во дворот возвратиле на пукањето.

Повредени лица нема, а оштетени биле возилото „форд галакси“ сопственост на Ш.М. и автомобил „мерцедес“ сопственост на Ф.А..

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Божиновска на TECHMECH 2026: Зелената транзиција отвора нови можности за младите инженери

Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе

Реакција на СДСМ на Антонио Милошоски