Утрински Весник
Свет

Повеќе од 100 милиони луѓе заразени во светот, починале 2,3 милиони

Повеќе од 100 милиони луѓе заразени во светот, починале 2,3 милиони

До денес од коронавирус починале најмалку 2.285.334 луѓе во светот, повеќе од 104.848.470 се заразени, а најмалку 63.863.800 закрепнале, покажуваат најновите податоци собрани од агенцијата „Франс прес“.

Податоците се базираат на дневни извештаи на здравствените власти во секоја земја и ги исклучуваат дополнителните ревизии од страна на агенциите за статистика.

Во четвртокот, регистрирани се 16.136 починати ширум светот, а 511.406 се новозаразени. Држави со најмногу смртни случаи во текот на вчерачниот ден се САД со 5.282, Мексико со 1.682 и Бразил со 1.232.

САД се најтешко погодени од пандемијата на коронавирусот со 455.875 смртни случаи и 26.6796733 заразени, според Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија