Најтрофејниот ракометен клуб во Хрватска, ППД Загреб, потврди дека Иван Чупиќ потпишал договор со клубот. Чупиќ е играч на Вардар 1961, а во Загреб ќе се пресели во завршувањето на сезоната.
ППД Загреб и десното крило на Хрватска потпишале договор за три годишна соработка, истиот ќе започне да важи од 1.јули.
Чупиќ во Вардар пристигна во 2016 година, со црвено-црните освои две титули во Лигата на шампионите. Во 2018 година е Чупиќ бил прогласен за најдобар хрватски ракометар.
Во богатата кариера играл во Кјелце, Рајн некар, Горење, Виго, Медвешчак и Метковиќ.
Чупиќ е второто големо засилување за ППД Загреб за наредната сезона. Претходно клубот го договори трансферот на Жељко Муса.
> ППД загреб го потврди трансфеорт на Иван Чупиќ <