Утрински Весник
Свет

Германски министер ја обвини Фон дер Лаен за дебаклот со вакцините

Германски министер ја обвини Фон дер Лаен за дебаклот со вакцините

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц ја критикуваше Европската комисија поради стратегијата за набавка на вакцини, која тој ја нарече „вистинска глупост“, пишува германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на доверливи извори од неодамнешниот бурен состанок на германската влада.

Хаотичното управување со вакцинацијата во Европската Унија предизвика гнев насочен пред сè кон германската шефица на Комисијата на состанокот на германскиот врв одржан во понеделникот.

Шолц, кој е и вицеканцелар, ја критикуваше претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лаен, изјавувајќи дека Берлин не може да дозволи таа глупост да се повтори и дека дебаклот со вакцините е срамота.

Шолц е највисок член на администрацијата од Социјалдемократската партија (СПД), која е коалициски партнер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Ангела Меркел.

СПД жестоко се спротивстави на назначувањето на Фон дер Лаен на позицијата претседател на Европската комисија во 2019 година, опишувајќи ја како несоодветен и непогоден кандидат.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет