Утрински Весник
Магазин

Тематски парк ја тужи Тејлор Свифт поради името на албумот „Евермор“

Тематски парк ја тужи Тејлор Свифт поради името на албумот „Евермор“

Американскиот тематски парк Evermore покрена тужба против поп-ѕвездата Тејлор Свифт во која тврди дека нејзиниот последен албум го прекршил нивниот заштитен знак користејќи го истото име.

Сопствениците на тематскиот парк изјавија дека Evermore на Свифт предизвикал забуна околу тоа дали паркот и албумот се поврзани.

Паркот во Јута, наводно, забележал „драматично отстапување од типичните ниво на сообраќај на нивната веб-страница во неделата по објавувањето на албумот“.

Адвокатите на Свифт одговорија дека нема основа за тужбеното барање.

Во писмо поднесено до судот и до правниот тим на тужителот, адвокатите на Свифт напишаа: „Вашиот клиент не претрпе никаква штета, всушност, објавувањето на албумот на г-ѓа Свифт е можност за маркетинг за проблематичниот тематски парк на вашиот клиент“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ХОРОР ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА ВО АНГЛИЈА: Маж влегол меѓу тигрите, едно од животните го нападнало

ШТО НАЈМНОГУ САКААТ МАЖИТЕ ВО КРЕВЕТ? Ескорт-дама ја откри најбараната секс-поза, одговорот ќе ве изненади

Пријателите никогаш не ви ги лајкуваат објавите? Психолозите објаснуваат што може да значи тоа