Утрински Весник
Македонија

Вработени во МВР издавале возачки дозволи за пари, поднесени кривични пријави

Вработен во МВР одобрувал возачки дозволи на лица без положен испит

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица вработени во Министерството за внатрешни работи – Одделение за управни работи Скопје за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.

Осомничените, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, за повеќе граѓани креирале барања, спроведувале процедури и одобрувале изработка на возачки дозволи за Б категорија, иако барателите немале положено возачки испит и не се стекнале со право за поседување возачка дозвола.

За еден од осомничените, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. За останатите седуммина предложени се мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска повремено да се јавуваат во Основниот кривичен суд Скопје, како и забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Во исто време, надлежниот јавен обвинител поведе постапка и против 31 друго лице кои извршиле поттикнување при извршувањето на наведеното кривично дело, односно се јавувале како баратели на возачки дозволи, иако немале положено возачки испит.​​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност 

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола