Утрински Весник
Македонија

Владата и политичките партии положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Владата и политичките партии положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Владина делегација и претставници од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ утрово положија цвеќе на гробот на револуционерот Гоце Делчев во црквата Свети Спас, по повод 149 години од неговото раѓање.

Во име на Владата, пред гробот на Делчев се поклони заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски.

Со овој чин, Владата им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер, за неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.

Од СДСМ, цвеќе положија Марија Георгиевска, претседателка на ОО СДСМ Карпош и Александар Димитриевиќ, потпретседател на СДММ.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ја предводеше генералниот секретар Ѓорѓи Сајкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и претседателката на Унија на жени Жаклина Пешевска.

„Оддавањето на почит на ликот и делото на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, еден од најистакнатите водачи и идеолози на Македонската ослободителна борба значи продолжување на нашата заедничка обврска за зачувување на македонската држава, македонската историја и јазикот. ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, така и денеска покажува почит и негување на заложбите на македонските херои и останува на браникот на одбрана на татковината, бидејќи за нас токму Гоце Делчев е црвена линија и нашиот идентитет“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk