Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Од „Хамилтон“ до „Надежна млада жена“ диверзитетот владее со номинациите за „Златен глобус“

Од „Хамилтон“ до „Надежна млада жена“ диверзитетот владее со номинациите за „Златен глобус“
Img 7972

Драмата „Менк“ во средата водеше нa листата номинации за „Златен глобус“ кои беа силни во однос на различностите и во кои доминираа продукциите на „Нетфликс“, што е одраз на пресвртот што го предизвика пандемијата во традиционалната американска филмска индустрија, коментираат светските медиуми.

Од филмската верзија на рап мјузиклот „Хамилтон“ до ЛГБТК мјузиклот „Матура“, номинациите – кои ја започнуваат сезоната на холивудски награди – препознаа повеќе приказни и изведувачи во индустријата за која критичарите долго време се жалат дека е доминирана од бели мажи.

„Менк“, биографскиот филм за сценаристот на „Граѓанинот Кејн“ Херман Манкиевич, ја предводи листата со шест номинации. Следува уште една драма на „Нетфликс“, „Судењето на чикашките седуммина“, со пет.

Во категоријата драма, за најдобар филм се номинирани „Менк“, „Земја на номади“, „Надежна млада жена“, „Татко“ и „Судењето на чикашките седуммина“, додека за најдобра комедија/мјузикл конкурираат „Борат 2“, „Хамилтон“, „Музика“, „Палм Спрингс“ и „Матура“.

Стриминг-услугата „Нетфликс“ доби 22 номинации по една година во која пандемијата на Ковид-19 ги натера холивудските студија да одложат десетици свои филови или да ги стават на стриминг-платформи во услови кога многу киносали се затворени со месеци.

Три од петте номинирани режисери во средата беа жени, вклучувајќи ја и Реџина Кинг за „Една ноќ во Мајами“, Британката Емералд Фенел за „Надежна млада жена“ и кинеската режисерката Клои Џао за „Земја на номади“ (Nomandland).

Меѓу номинираните актери беа Вајола Дејвис, покојниот Чедвик Боузман за неговата последна филмска улога во филмот од ерата на џезот Ma Rainey’s Black Bottom, Ентони Хопкинс („Татко“), Гери Олдман („Менк“), Риз Ахмед („Звукот на металот“) и Тахар Рахим („Мавританецот“).

Во женска конкуренција, Андра Деј („САД против Били Холидеј“), Кери Малиган („Надежна млада жена“), Френсис Мекдорманд („Земја на номади“), Ванеса Кирби („Делови од жена“) и Вајола Дејвис („Ма Рејни: Мајка на блузот“).

Златните глобуси треба да бидат врачени на виртуелна церемонија на 28 февруари. Домаќини на вечерта ќе бидат актерите Тина Феј и Ејми Похлер.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време