Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Сончево време со температура до 20 степени

Сончево и топло со температура до 37 степени
Img 7972

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени, јави УХМР.

Во Скопје претпладне ќе има услови за појава на слаба магла и ниска облачност. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

До недела ќе се задржи стабилно време со натпросечни дневни температури, што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Под влијание на влажен бран во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?