Утрински Весник
Македонија

Вработени во МВР делеле возачки дозволи на лица кои немале положено

Вработени во МВР делеле возачки дозволи на лица кои немале положено

Поднесено е обвинение за 36 лица од кои осум вработени во МВР за злоупотреба на нивната службена положба и фалсификување на службена исправа.

„Пријавените службени лица вработени во Одделението за управни работи Скопје искористувајќи ја својата службена положба и овластување на 28 граѓани, спротивно на законските прописи, без да имаат положено возачки испит и без потребната документација, извршиле електронско креирање на документација со внесување на лажни податоци, истата ја одобриле за изработка, по што им биле издадени возачки дозволи за управување на моторни возила“, велат од МВР.

Еден од осомничените, во чиј дом е извршен претрес по наредба на судија во претходна постапка, е приведен во полициска станица.

„Обезбедените материјални докази ќе бидат предадени на јавен обвинител за понатамошна постапка. Осомничените службени лица се суспендирани од работните места и против нив ќе бидат поведени дисциплински постапки“, велат од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уписи на Скопскиот универзитет, слободни над 9700 места за бруцоши

ВМРО-ДПМНЕ: Се развива спортската инфраструктура во државата

Левица: ЕСМ со скандалозен тендер за фирмата „Пуцко Петрол” од ДУИ