Утрински Весник
Спорт

Видал: Секогаш јас, зошто?

Видал: Секогаш јас, зошто?

Јувентус, во првиот полу-финален меч во Купот на Италија, во Милано го победи Интер со 2:1.

Артуро Видал потешко од поразот ја поднел измената во 73.минута.

„Секогаш 22, секогаш бројот 22 излегува од игра“, говорел Видал кога четвртиот судија на таблата го покажа неговиот број.

За разлика од Видал, тренерот Антонио Конте, не гледа дека има некаков проблем.

„Кога вршам измени, не ги гледам реакциите на фудбалерите. Јас ги носам одлуките, а играчите треба да ги прифатат. Така тоа оди“, рекол Конте.

Артуро Видал сезонава одиграл 18 натпревари во Серија А, на десет од нив бил заменет, а на шест влегол во игра како резерва.

> Видал: Секогаш јас, зошто? <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност