Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски бара електронски попис или негово одложување

(Видео) Мицкоски бара електронски попис или негово одложување

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, апелира до владата или да прифати електронски попис или да го одложи за следната пролет.

Тој рече дека ќе побараат да биде укинат Законот за попис кој што, според него, бил донесен без консензус и без елементарно почитување на здравјето на граѓаните во услови на тешка пандемија.

„Денеска практично ја отпочнуваме иницијативата формално со која што ќе го доставиме и законот во рамките на собранието до спикерот на парламентот со кој што ќе побараме да биде укинат Законот за попис кој што беше донесен без консензус и без би рекол елементарно почитување на здравјето на граѓаните во услови на тешка пандемија кога за жал властите не успеваат да се снајдат со истата, а Македонија е закована убедливо на дното или на врвот, како сакате наречете го тоа по бројот на лицата кои што се инфицирани и по бројот на луѓето кои што за жал го загубија животот поради неспособноста на власта“, изјави Мицкоски.

Лидерот на опозициската  партија додаде дека кај нас пописот е невозможно да се случи есента 2021 година поради локалните избори и кампањата која што тогаш ќе се случува, и апелира до владата и собранието на разум, и одложување на пописот за пролетта 2022 година.

„Гледаме дека воопшто не се ни направени пописните тимови, ниту пак обучувачите на истите пописни тимови, имајќи ги предвид пандемските услови во кои што државата се наоѓа и невозможно е истите да бидат обучени а притоа да биде заштитено практично здравјето на тие луѓе кои што ќе бидат дел од тие пописни тимови“, рече Мицкоски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско