Утрински Весник
Магазин

Шварценегер се рекреира на две тркала

Шварценегер се рекреира на две тркала

Првата доза од вакцината против Ковид-19 ја прими минатиот месец.

Арнолд Шварценегер беше во добра форма во вторникот, додека уживаше во редовното возење на својот електричен велосипед на сончев ден во Лос Анџелес.

73-годишниот актер изгледа опуштено како и секогаш кога е на патеката за велосипеди.

Поранешниот гувернер на Калифорнија се вакцинираше на 20 јануари во автомобил и сподели видео на социјалните мрежи. Со оглед на големиот број заразени, вакцинирањето и тестирањето во САД се спроведува или во клиника или во автомобил.

Терминаторот често ги повикува своите фанови да носат маски за лице. Тој дури и промовираше свој бренд заштитни маски We’ll be Back („Ќе се вратиме“) во знак на поддршка на добротворни организации посветени на помагање на луѓето најсилно погодени од пандемијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Павле Камилоски и вина од Душа на зајдисонце во х.Олгица на 10 јули

Дневен хороскоп за 01 Јули 2026 година

Дневен хороскоп за 30 Јуни 2026 година