Утрински Весник
Македонија

Општина Кисела Вода во селото Драчево од најголемата дива депонија на 5.000 м2 ќе направи нов зелен парк

Општина Кисела Вода во селото Драчево од најголемата дива депонија на 5.000 м2 ќе направи нов зелен парк

Жителите од селото Драчево, во Општина Кисела Вода, напролет ќе добијат нов голем парк за релаксација и уживање во природа. Општина Кисела Вода започна да врши активности за расчистување на една од најголемите диви депонии во селото.

„По целосното расчистување на депонијата, која со години наназад создаваше грда слика и го загадуваше воздухот, на истото место, на површина од над 5.000 м2, Општина Кисела Вода ќе направи зелен парк со многу садници, патеки за прошетки и урбана опрема.

Во близина на паркот кој наскоро ќе биде направен, пред две години Општината во соработка со Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, од место на кое несовесни жители создаваа дива депонија, направи голема хортикултурно уредена зелена парковска површина“ наведуваат од општината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара