Утрински Весник
Македонија

Курц: Австрија ќе се залага за почеток на преговорите за Северна Македонија во ЕУ

Курц: Австрија ќе се залага за почеток на преговорите за Северна Македонија во ЕУ

Австрија целосно го поддржува европскиот пат на сите земји од Западен Балкан и ќе инсистира на започнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија што поскоро, бидејќи вклучувањето на регионот во Заедницата е од стратешки интерес за Брисел. Ова го изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц во интервју за магазинот Корд.

Курц изрази особено жалење што Северна Македонија сè уште не започнала преговори за пристапување во ЕУ.

„Австрија ќе инсистира на започнување на долго одложените преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во првата половина на 2021 година“, рече канцеларот.

Курц исто така увери дека Австрија останува пријател на Западен Балкан дури и за време на кризата и дека поддршката на регионот во борбата против пандемијата Ковид-19 е нејзин најголем приоритет. Тој потсети дека Австрија неодамна вети 2,4 милиони евра за иницијативата Ковакс, додека ЕУ одлучи да обезбеди 70 милиони евра вакцини за Западен Балкан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пет правила за квалитетен тутун: препарати, доза, заштита, опрема и совет

Уапсени двајца скопјани на Долно Блаце, осомничени за кражба на „голф“

„Твоја држава, твоја шанса”:  Човекот пред профитот, мерки за повисоки плати, 50% повисоки пензи и достоинствен живот