Утрински Весник
Магазин

Жена тврди дека Памела Андерсон ѝ го украла партнерот

Жена тврди дека Памела Андерсон ѝ го украла партнерот

Поранешна девојка на новиот сопруг на Памела Андерсон ја обвини дека разделила среќно петчлено семејство откако актерката откри дека се омажила за својот телохранител.

Ѕвездата на „Бејвоч“ соопшти дека го врзала јазолот со својот телохранител Ден Хејхарст на Бадник (24 декември) откако се вљубиле за време на самоизолација.

Но, сега поранешната партнерка на Ден, Кери, тврди дека младенците ја започнале нивната врска додека Ден бил сè уште со неа.

„Ова не е приказна за карантинска љубов како што таа сака да прикаже, сето тоа е фарса. Одлучив да проговорам затоа што сакам луѓето да знаат дека мојата речиси петгодишна врска што вклучува и три деца заврши бидејќи аферата помеѓу Пем и Ден започна додека тој беше сè уште со мене“ , вели Кери во интервју за британски „Сан“.

Според неа, новата романса на Ден започнала кога тој бил ангажиран да работи во куќата на Памела, пред да стане нејзин официјален телохранител.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста