Утрински Весник
Свет

ЕУ го осуди државниот удар во Мјанмар и ја повика војската да ги ослободи притворените

ЕУ го осуди државниот удар во Мјанмар и ја повика војската да ги ослободи притворените

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел остро го осуди пучот во Мјанмар и ја повика армијата да ги ослободи сите „незаконски приведени“ лица.

„ Силно го осудувам државниот удар и ги повикувам воените службеници да ги ослободат сите оние кои се незаконски приведени во акции низ целата земја“, порача Мишел на Твитер.

Тој додаде дека изборниот резултат мора да се почитува и дека демократскиот процес мора да се обнови во земјата.

Армијата на Мјанмар изврши преврат, го уапси шефот на цивилната влада Аунг Сан Су Чи, го назначи генералот за привремен претседател и прогласи вонредна состојба на една година.

Воената акција следуваше утрово бидејќи генералите побараа од владејачката партија да ја одложи денешната конститутивна седница на парламентот, на која НЛД освои 83 проценти од местата, а портпаролот на партијата, Мио Ниунт, за „Ројтерс“ изјави дека покрај Аунг Сан Су Чи, притворен е и претседателот Вин Минт и други партиски лидери.

Владејачката партија ги повика граѓаните да не реагираат на акцијата на армијата, чии припадници патролираат по улиците на поголемите градови, а телефонските линии и интернетот се прекинати во Непјидо и Јангон.

Немирите во Мјанмар ги осудија и Белата куќа, Австралија, Јапонија, ООН и други.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени