Утрински Весник
Македонија

МОН: Целоснo лажна вест се шири по социјалните медиуми за сексуално образование

Комисијата за заразни болести бара дополнителни информации од МОН
Dik 300x250 mk

Mинистерството за образование ги демантира содржините од Фејсбук групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни делови во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното обарзование.

„Веста е целосно лажна, а користените илустации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем. Ги повикуваме граѓаните, родителите и учениците да не подлегнуваат на непроверени информации коишто се шират на социјалните медиуми, затоа што со истите се нанесува директна штета на Министерството за образование и наука, како и на целиот образовен систем“, велат од МОН.

Оттука велат дека прикажаните текстови и илустрации кои се прилепуваат на делови од Концепцијата не се извадени од наставни материјали предвидени за нашата земја. Министерството бара одговорност за лажните вести, за кои велат дека се тенденциозни, со намера да шират паника и да ја манипулураат јавноста, а за постигање на цели кои немаат никаква допирна точка со унапредување на образованието.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Почнува аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026

Денеска гласаат затворениците, болните и изнемоштените лица

Во понеделник и вторник доаѓа нов постуден бран