Утрински Весник
Спорт

Покетино: Што и да кажам за Меси ќе бидам погрешно разбран

Од љубовта кон Еспањол Покетино ја одбил понудата на Барселона

Тренерот на ПСЖ, Маурсио Покетино, не сака да зборува за можното ангажирање на Лионел Меси од страна на клубот, но не крие дека фудбалер со неговито квалитети добро му дошол на неговиот тим.

Голема е веројатноста, еден од најдобрите фудбалери во историјата, по завршувањето на сезоната да ја напушти Барселона. ПСЖ е еден од клубовите со кои се поврзува Аргентинецот.

„Што и да кажам на оваа тема ќе бидам погрешно разбран. Задоволен сум со фудбалерите што ги имам во тимот, но немам дилема дека врвни играчи, каков што е Меси, лесно можат да се вклопат во секој тим…“, рекол за „Марка, Покетино.

Покрај со ПСЖ, Меси се поврзува и со Манчестер сити. Во период, кога сите клубови се соочуваат со финансиски проблеми, овие два клуба се единствените што можат да ги исполнат неговите барања.

> Покетино: Што и да кажам за Меси ќе бидам погрешно разбран <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Франција прва обезбеди место во полуфиналето на Мундијалот

Останаа уште осум натпревари до светскиот шампион – вечерва стартува четвртфиналето

Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување